Палестина не беше во приоритетите на новата Република Македонија, како што таа не беше приоритет за Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се најдов во парадоксална невозможна мисија: ефикасен можеби таму каде што не бев упатен, а неефикасен во земјата во која бев упатен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Презедовте невозможна мисија да го лишите народот од културните, уметничките и цивилизациските вредности кои ги пластеше религијата во текот на долговечното постоење и истрајба – продолжив самоуверено.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Настанот опишан во „Селскиот лекар“ го поставува, дрско, прашањето Што е сон, а што јаве?, во услови кога од човекот се бара една невозможна мисија и кога се тестира неговиот морал, неговата човечност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Да се биде амбасадор значеше да се биде највисок преставник во туѓина на овој конгломерат од народи и народности, значеше навидум да се прифати уште на почетокот една невозможна мисија, уште повеќе невозможна, ако си припадник на народностите, а најпосебно на албанската народност!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)