невестински (прид.) - руба (имн.)

Пули туа... Сендуците испокршени, мојте невестински руби изрвани, љуљката о која ми порастее дечките - испокршена и разбојот комати сторен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нејзината судбина ќе биде инаква од судбината на Невена: додека онаа чека со спремната невестинска руба, Кијмет смело ќе ја прифати ниезвесноста, и сите ќе бидат среќни поради тоа, сосе Исус и Богородица кои, со блага насмевка, ќе ја благословат рожбата на Кијмет, на сличен начин на кој Господ ќе го благослови отфрленото срце на Среќниот принц.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)