По небото, како синџир едноподруго летаа јата диви гуски. Гра-гру! Гра-гру! - се носеше нивното гракање во синиот небесен простор...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа траеше неколку минути и „смртоносната тројка“ се крена во небесната висина и неоштетена се изгуби некаде во ширниот небесен простор.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ќе споменеме уште дека во тој условно наречен небесен простор поетот има среќа да живее истовремено во повеќе времиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но не барајте овој пат да се впуштаме во темелни објаснувања за тоа како е создаван тој небесен простор и каква е целта на необичниот зафат околу времињата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тогаш Аргир му се чинеше на Велета како некое неземено суштество, по чија волја оживуваат мртвите ѕидови и се креваат, растат до бескрајниот небесен простор.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И студениот есенски ветар ги одвеа лисјата од дрвјата и гранките останаа истружени и одвратно оголени, наспроти нисковисечкиот небесен простор, преку кој пловеа чад и саѓосани и натежнати облаци.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Облачни или ведри, тоа секогаш беа небесни простори, хоризонти и видокрузи што се простираат без крај, горе, високо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)