Некои општествени теоретичари сугерираат дека треба да се зборува за „доцен модернитет”, додека јас му давам предност на терминот „постмодернитет” кој поттикнува поголема интелектуална одважност - ослободувајќи ве од врзаностите за одредени артикулации типични за модерните времиња.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Која е вашата средишна идеја кога станува збор за односот меѓу модернитетот и постмодернитетот? Би рекол дека постмодернитетот е модернитет за себе, модернитет што ја надминува својата неадекватна свест и достига до разбирањето на она што стварно е на дело, то ест, производството на амбиваленција и плурализам, и се мири со фактот дека целите кои првобитно биле поставени - рационалниот поредок и апсолутната вистина - никогаш нема да бидат достигнати.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)