најубав (прид.) - во (предл.)

Велат дека е најубаво во есен да се живее во Софија и тоа секој ќе го потврди кога минал една есен во овој град, се додека не ја надвиснат првите есенски магли, некаде во ноември.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чардаци, порти, тремови, дворови оградени со цвеќиња, избелени и убаво шарени ѕидишта - тоа е необичната панорама на Трново, кое е најубаво во мај, кога цветаат трендафилите и кога сета вегетација буи, но кое е занимливо и во овој април, проследен со каприците на честите снежни дни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмонуметално будимпештанското здание е Парламентот, кој се протега на стотина метри покрај Дунав и претставува круна на ова што е најубаво во архитектурата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да не мораш да го браниш она што си го внесол најубавото во тебе, со единствена желба да причиниш радост, да сретнеш сјај во сакани очи!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Мораш да дојдеш да го видиш мојот, беше најубав во бутикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некогаш крај бистрото Езеро, најстаро и најубаво во светот, во цутот на својата младост, со својата дружина ги пееше често до изгрејсонце тоскиските полифони песни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Аполинер два пати му беше гостин на Коница во Лондон, кога овој ќе биде во потрага по невозвратената љубов на својот живот Англичанката Ани Плејден на која ѝ ги посвети познатите „Песни на несреќно љубениот”, познати меѓу најубавите во модерната европ­ска поезија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали е тоа вистинито или се вештерства кои сакаат да го уништат најубавото во мене?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Најубаво во животот сум се чувствувала меѓу триесет и петтата и четириесеттата. Во секоја смисла.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Готов сум, му реков на валијата, спремен сум саат кулата да стане најубава во Румелија, да го ставиме врз неа саатот донесен од мојот Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така... Чудесна среда беше пред мене. Најубавата во мојот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие два дена бев во вистинска треска.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само би додала дека ви посакувам, како и на вашето семејство и на вашите книги, с најубаво во оваа Нова година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Набргу, во конкурсот на еден весник нејзиниот балкон-градина беше прогласен за најубав во градот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се покажа дека било најубаво во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги премолче зборовите на мајка си коишто не само што ѝ беа против волјата, туку како да наиде во неа некоја сила што сакаше најубавото во неа да го нагрди.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Тоа е нешто најубаво од најубавото во животот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)