најубав (прид.) - јадење (имн.)

- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете дечиња мили мои, најубавото јадење само дома дошло.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Има најубави играчки. Ѝ се даваат најубави јадења.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Добарден, кроко, - весело викнав. - Како си?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Одев претпазливо. Сепак птицата ме виде, ги ришири крилјата и закреска.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Најдов дебела гранка и напишав на неа „најубаво јадење за крокодили“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мајка ѝ даваше најубави јадења и секогаш имаше пари за алва.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зафати сега Дукле со сила да ја храни, да ѝ приготвува најубаво јадење, да ја моли да јаде, но таа ја вртеше главата настрана не можејќи да го гледа јадењето, а ако Дукле ѝ ставеше во устата, таа ги стегаше усните и забите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)