5. Дрвото е најубавата насмевка на животот
Пријателе, како птицата се селам без мото
Кога читам пејзаж окото ми се разубавува
Кога полудувам, предел сум кој утешува
Кога починувам, во глетка преминувам
Дрвото е најубавиот пријател на погледот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)