Беше прекрасна сопруга, вистински сопатник во деликатната мисија, особено во најтешките и неизвесни мигови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
О, Боже Господе! И ова да ти биде најсреќниот и најтоплиот момент кој со зборови не се опишува, по кој следи средбата со човечето кое потаму низ годините ќе биде најважното нешто во животот ваш, дојден на најтешкиот и најболен начин на светот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)