А мостовите се правеа на најтешки места: в планина; тука работевме, тука живеевме, тука го поминувавме слободното време шетајќи низ шумата како дивеч; ниту се бричевме, ниту се стрижевме; господе, само умот да ни го додржиш, си велевме со Анастаса.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)