Непосредно пред жетвата, ден, два, пред првиот срп, главите на домаќинствата им заповедаа на мажите што во домаќинствата по ранг стоеја веднаш до нив, тоа беа обично помладите браќа, или најстарите синови, да ожнеат неколку снопови ’рж за правење јажици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас му сум син на неговиот најстар син, на Јордана и се презивам Ристе Јорданов Јанчев.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Е еве ошче еден кумита — проговори Ташко, кога го виде и позна Бојка Паленѕов, најстариот син на дедот Јована.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гореше Крушево и светеше како факел во ноќта. крај колјата - Тесно им стана на Карчевци, - негодуваа ресенчани, особено жените, кога научија дека Панде, најстариот син, тргнал во Охрид да одбира невеста.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стариот железничар одеше од едниот крај на градот до другиот, носејќи ја младата фиданка за најновиот гроб на својот најстар син.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Знаеш што ми рече најстариот син ова попладне?“ - го фати рабинот својот пријател за раката: „Бевме во синагогата да ги скриеме реликвиите, а тој е веќе доволно возрасен за да ги споделува проблемите со нас.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Лицето му добило решителност, ако рацете, му се тресат од умор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа, неколку недели по неговата смрт, еден по друг на фронтот загинаа двајцата негови најстари синови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие негови патувања поради кои остануваше сама, можеше дури и да ги разбере, но заминувањата на најстариот син тешко можеше да ги прифати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сѐ траеше така додека не започнаа првите умирања во семејството и кога Мајка ги загуби своите двајца најстари синови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сакал оваа свадба да биде запаметена. Го женеше најстариот син.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И јас го држев в раце ова грчко знаме, ама не стигна најстариот син да го истакне на чатијата на куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)