Во 1990 година, Соник јут, класичната панк/гранџ/инди рок-група, творците на Конфузијата е секс (нивниот прв албум, излезен во 1983 година), на својот многужанровски компакт-диск Гу (Goo), кој им беше прво издание за Гефен рекордс, ставија песна, односно крик – во секој случај, нумера – со наслов Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Првобитната едноминутна демолента на таа нумера може да се слушне на луксузното реиздание на Гу од 2005 година.400
Природата на врската меѓу оралниот секс и кинематографското алтерего на Џоан Крафорд можеби не е видлива веднаш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако едно нивно целосно третирање би го надминало опфатот на оваа студија и иако би требало тоа да се причува за некоја идна, подробна анализа, сепак, прашањава може барем да се подрасветлат ако се испита еден пробен случај што ја вади на површина особеноста на односот на машката геј-култура кон женственоста и што помага попрецизно да се дефинира особената политичка намисла на неговата иронија.399
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Песната, всушност, е една од најраните композиции на Соник јут. Првобитниот наслов ѝ бил „Пушење“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)