Доколку, сепак, можеше нешто да се прочита во најновиот распоред на Татковите книги, создаван во непроспаната ноќ, тоа беа сигурно клучнитезборови од неговиот тестамент - да продолжи потрагата по неговите сиџили, од местото каде што запре тој и од каде повеќе никогаш не ќе може да продолжи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)