Изнајмуваш шлепер од десет метра (парите повеќе не ти се проблем!), ја оставаш својата проштална порака на својот ај-под (најнов модел, со опција за снимање звуци и гласови!), полниш гориво до врв (кога Мехмед бил циција?), па со покличот „Алаху акбар!“ се залетуваш и се забиваш во блескавите излози со шарени украси со убави предмети со подмолни пакосни пеколни дедомразовци...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Водата ѝ ги беше избришала белите праменчиња, а подвратните брчки беа скриени под дебелата ролка префрлена преку најновиот модел тексас фармерки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нашите најнови модели. Срцепарателни, водо прскатели, лукошприцатели. Ќе го умртвиме вампиро!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)