Татко ми предложи да ја купиме средната, затоа што е поефтина, и затоа што за неа имал пари; но јас, гневен и бесен, побарав тоа да биде најмалата и уште го убедував дека таа е најубава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, можи дека е најмала и најразгалена, а и знај дека му е миленичка на татко, па му кажва директно шо мисли и со то од ум го вади.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Некој ѝ се чудеше на прикаската: удрила зла чума на царските синови и ги ничкосала, најмалиот останал жив за да се бори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И праша замислено, тешко: „Најмалиот и најумниот син овој ли е?“ Секако покажуваше кон мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Другите кисело се насмеаја над мојата згрченост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На најмалово и најневидливо островче, кога ќе се отвори некако магливиот кожурец и малку ќе заблеска на сонцето, заблескува и фасадата на прекрасната палата на волшебникот Желбоноско.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Но, зошто? Имаше ли тајната некаква врска со тоа?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Погледни ја цевкана“, ми рече Клод Галиме, најмалиот и најподвижниот во целиот тим, со кого брзо се спријателивме.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)