најмал (прид.) - шанса (имн.)

Секогаш се чудев на реченицата што ја бев прочитал уште во младоста и којашто ја земав за мото на мојата прва книга; искажана е во разговорот на Нилс Бор со еден млад студент по физика што дошол да побара совет за некоја научна работа; реченицата е следна: „Господине, Вашата теза, всушност, е мошне интересна, но не е доволно будалеста за да има и најмала шанса да биде вистинита”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, таа не е само мала, таа е нула, па и бетер од нула, бидејќи да постоеше и најмала шанса мајмунот да успее, тоа ќе значеше дека ХАМЛЕТ е само уште една веројатност помеѓу милијарда други, што е будалштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)