Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче  - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици  и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе  дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки  и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња  (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)