Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гледајќи ја прв пат како плаче, солзи потекоа и по образите на најмалиот брат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Јовановци беа познати и по тоа што се занимаваа со сточарство и производство на млечни производи: во истото слепо уличе, ама од спротива се наоѓаше аурот во кој живееше добитокот на Јовановци: кравите кои понекогаш најмалиот брат на Томето – Лазе ги носеше на пасење, а најчесто момокот Васе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Баба ми беше речиси цела во гипс и завои, а дедо ми и Александар по една рака и нога!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дури не ни живее со нив - Борис, Божана и Зоја, а и Кире, неговиот најмал брат, живеат во другиот влез од зградата, а тој, под калето, во незавршената градба наречена Фестивална.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Крај неа беше братот лекар, беше стигнал и најмалиот брат од Германија, кој повеќе години работеше таму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш живеев со родителите и со најмалиот брат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И така, да не беа нашите славни кози, кои практично го доеја нашето најмало братче, Мајка сигурно ќе го загубеше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Обично Мајка си го земаше најмалото братче кое сѐ уште не можеше без неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)