- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој беше најдобар во градинката, кога научи да чита...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потоа беше најдобар во одделението...“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бев најдобра во класот и секогаш кога ќе нè пуштеше учителот на одмор, јас ги учев децата, тоа ми даваше волја да учам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сите деца му поверуваа, зашто во извидничкиот одред тој беше најдобриот во пронаоѓањето на разни траги.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Учителот многу ме засака, постојано ми даваше волја да учам, и бев една од најдобрите во одделението па веќе не се плашев толку од него.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)