најдобар (прид.) - ден (имн.)

Во некогашните најдобри денови од работењето на фабриката во неа работеа и над 350 работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На усните ѝ се чита нечујното прашање „дојде ли”, на кое Давид Давидовиќ одговара со насмевнато воздржано повеќекратно кимање.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една госпоѓа во крзно елегантно гази по плочникот, така голема и рунтава го потсетува на мајка му во најдобрите денови.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Фабриката за шеќер денес е акционерско друштво во приватна сопственост на странски газди од соседството, кое делува во рамките на прехранбената индустрија и моментално брои околу 150 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)