Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И сега, кога го прифати компромисот со Климент Камилски, да трагаат по опасните османотурцизми во балканските јазици, тој, а со него и неговиот умен пријател, насетува дека можеби се најдени во погрешна мисија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во една од најубавите икони најдена во една црква од XVI век Света Марија е претставена со чедото Језус во прегратка, опкружена со две минариња што претставува сведоштво за почитта од другата вера...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Иследникот Едип-ефенди внимателно ги празгледува предметите најдени во куферот на Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше една вистинска дира, најдена во највистинскиот миг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За некакво прибирање, за некое чудно доаѓање, кое што завладуваше полека со него, онака притиснат и собран, онака притаен и најден во своето преисконско гнездо, еден човек, во својот одамна, пред илјадници години напуштен дом, приклештен меѓу двете ветки и заштитен меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имено, тој и неговата содружничка биле најдени во гаражата на нејзините родители, веќе усмртени иако и прегрнати, дури наредниот ден, кога татко ѝ си ја побарал колата за на работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше воедно средба на два големи поетски мага со различен итинерер на егзилот во бурната историја на Европа и Медитеранот (Шпанската граѓанска војна и Палестина).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од некоја причина позната само на судијата, четирите карти – дами најдени во џебот од вашето палто се крунски доказ дека сте виновен.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)