најголем (прид.) - свој (прид.)

Побрза да не го удрам или тој да не замавне на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ги запише, во почетокот на првата глава (романот е поде­лен или распослан врз 58 одделни поглавја или врз 358 страници – Г.Тод.) авторот следниве зборови: „Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа согласување досега се сметаше за државно предавство, но откако бугарските дипломати си го испитаа сето бессилие, и при најголемите свои усилби сами да го решат македонското прашање, ќе се најдат цел ред бугарски дипломати што ќе погледнат на тоа согласување како на неизбежно зло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)