најголем (прид.) - жив (прид.)

Ле Клезио, за кој Французите велат дека е нивниот најголем жив писател, ќе напише дека животот е она што најмногу го заморува, но и дека најмногу е восхитен токму од него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ми расправаа, дека во оваа градина постоел еден од најголемите живи примероци на горило-човеколики мајмун.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога неколку години подоцна, како некогашен титоист се обидував од искусниот социолог и филозоф Едгар Морен, еден од најголемите живи мислители, од македонско сефардско потекло, кој имаше комунистичко минато (Меѓу жртвите на Сталинград и фашизмот, јас го избрав комунизмот!, ми велеше тој) се обидував да ја разберам драмата на француските комунисти кои се приврзаа за Сталина (покрај Арагон, Елијар, дури и Сартр, кој наводно напишал дури и ода во чест на Сталин), тој ми ја изнесе тезата дека со своите ставови им пречел на француските комунисти, па затоа нашле начин да го исклучат од КПФ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)