најголем (прид.) - балкански (прид.)

Тогаш дел од камените блокови на тврдината биле донесени од урнатините на блискиот антички град Скупи кој пострадал во најголемиот балкански земјотрес во 518 година.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во библиотеката како во постојано дежурство беа книгите за јаничарите, јаничаризмот, како една од најголемите балкански болки, со последици во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму тука се креваше најголемиот балкански ѕид на стравот и на проклетствата, ѕидот на апсурдот и на глупоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние тогаш ни насоне не можевме да си претпоставиме дека ја минуваме границата која, како еден од најголемите балкански ѕидови-граници, ќе опстојува толку долго, како лузна на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)