Најголемиот проблем со кој се соочува секој Македонец е тоа што не знае како да се постави и да се спротивстави во случаевите кога е ебан у мозок и тоа соодветно да биде наплатено.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа исто така предизвика еден вид завист кај него кога му кажа дека нејзиниот најголем проблем за време на Двете минути омраза е - како да не прсне во смеа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рече дека нема да и дозволи повеќе да настапува со нив, и дека никогаш повеќе нема да свират зад неа. (Тоа, всушност, беше и еден од најголемите проблеми помеѓу нив - дали таа е член на бендот или тие се нејзин пратечки бенд).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во филмот сите го работеа она што секогаш го работат - беа тоа што се... (...) Нико и Лу се скараа. (“Доста ми е од тоа драматично срање, рече, таа навистина изгледа супер на контрасните црно-бели фотки, но мене навистина ми е доста”).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Како што добро укажа уважениот директор другарот А. А., нашата сталинистичка држава, на чело со непогрешливата партија, во борбата против религијата во нашата пролетерска земја, најголеми проблеми имаше со католичкото свештенство и верниците и тоа токму во нашиот град Скадар каде што мораше да се постави нашиот светол Атеистички музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеби најголемиот проблем е во сѐ понејасното разграничување меѓу реалното и виртуалното во нивната свест.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Некаде на десетина дена пред крајот на учебната година сфатив дека најголемиот проблем што го имам нема да може никој да ми го реши: Мојот пубертет никако да стигне до мене.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
(Бидејќи нема што да правиме, сепак тоа го правиме; наш најголем проблем е да ги пронајдеме деловите од времето во кое ќе го направиме тоа. Откритие. Свест.)
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Ох, мори Васке, со тебе секогаш најголеми проблеми“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Сакаш да речеш дека не донесов тавче со ориз“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)