По влегувањето на Македонија во Федеративна Југославија како рамоправна членка, Г.Пирински и членовите на Македонско-американскиот сојуз верувале, а и односите по војната меѓу Југославија и Бугарија им влевале надеж, во остварувањето на македонскиот долгогодишен сон - обединувањето на Македонците од сите три дела на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Завршувајќи ја статијата, Г.Пирински ќе заклучи дека „формирањето на слободна Македонија е едно од најголемите постигнувања на Ослободителната војна на народите на Југославија“, што е „потврда за вистинскиот демократски карактер на Титовото народноослободително движење“, изразувајќи надеж дека тоа ќе претставува „пресвртница на патот кон подобра иднина на балканските народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)