најголем (прид.) - моќ (имн.)

Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Шестиот гимнософист: Ако има најголема моќ, а не е страшен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во периодот на нивната најголема моќ територијата на Пајонците се простирала: од Стримон на исток до Пелагонија на запад, од морето на југ до изворите на Стримон на север, по целото течение на Аксиј.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во светот на Хаосот и бучавата, чистиот сигнал на музиката во најминималното средство ја концентрира најголемата моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)