најголем (прид.) - грев (имн.)

- Зарем е можно да дошло до инцест, најголемиот грев во целиот човечки род, се мачеше мајчинското срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Животот не благословува со љубов, сите ние кои сакаме со целото срце, чувствуваме неизмерна радост, ние кои ги подаривме нашите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголем грев во прво одделение беше на денот на сликањето на крајот од школската година да немаш кецеља со која што ќе бидеш овековечен заедно со своите школски другари/ки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нараторот дента на посетата на Атеистичкиот музеј беше со борбено настроен дух и не престана да одговара на провокациите на своите собе­сед­ници, особено на А.А., еден вид „сфинга”, предзнак на зла судба, чија задача е да го одрече неговиот „буржоаски космополитизам”, еден од најголемите гревови според владејачката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа синко не сум ви го кажала, тоа е најголемиот грев. По малку време заспа и си умре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Немојте никогаш да забраните нечија љубов, тоа е најголемото зло и најголемиот грев кој никогаш нема да ви биде простен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)