Велат дека сум била многу мала, па не можам да се сеќавам на моментот кога тој во војничка униформа се појавил на влезната врата со најголемиот букет цвеќиња за мајка ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сепак, брзав да пораснам, а сега толку многу ми недостасуваат безгрижните детски денови, бастунот на дедо ми, приказните на баба ми, спортските автомобили на помалиот брат на татко ми, семејните средби секој 29 Ноември, без изостанок.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нив оддалеку ги препознавам, уште пред да се фотографираат со најголемиот букет од африканска зелка и цвет од памук, стилизиран коверт и кофа од фризура на главата од дамата, која на себе има парфем доволно да ја намириса цела ресторан сала.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)