најголем (прид.) - број (имн.)

Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Македонија беше земја со најголем број инвалиди во историјата на човештвото затоа што скоро секое второ работоспособно лице земаше инвалидска пензија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во најголемиот број случаи немаше судење, немаше извештаи за апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во најголем број случаи од него се очекуваше самиот да ја измисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во науката, на пример, најчесто категорично се говори за турцизми, дури и кога се знае дека во нив најголемиот број се од арапско и персиско потекло, но бидејќи тие јазици обично ги нарекуваме ориентални, логично е да се работи за ориентализми, а не за турцизми!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верувам дека најголемиот број од овие практики се во врска со она што може да се означи како “деконструктивистичка метода”, која што ќе биде објаснета во понатамошното излагање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА Овие описи на тераписката работа отсликуваат поголем број случаи со кои често се сретнуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Томо и Славица од игранката во соколааната отпрвин рака под рака, а потоа прегрнати се упатија кон паркот зад стадионот кој беше собиралиште на најголем број млади од тој дел на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа не е праведна; затворање на луѓе поради тоа што користат некаква супстанца, дури и ако е штетна, ги крши нивните основни права сѐ додека нивните постапки директно не ја загрозуваат околината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна пак, најголемиот број проблеми кои што денес ги создава наркоманијата, не потекнуваат од уживањето, туку од забраната на уживањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Овде-онде се белееја сливите во цут, но најголемиот број сливарници и овоштарници беа под вода.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека најголемиот број на класичните социолози веруваше дека се движиме кон рационално организирано општество, ние во тоа веќе не веруваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека тие веруваа дека историјата има цел, дека постои прогрес, ние во тоа веќе не веруваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сопствениците, во најголем број поранешни италијански трговци, сопственици на бродови, ресторани, хотели, јавни куќи и мали индустриски фирми, народната власт ги развласти и ги протера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само некои одбиваа да јадат. Најголемиот број подаваа раце за да добијат од сендвичите, кои во пунктот за исхрана ги имаше цели купови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)