Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски ги следеше и другите научни дела на Андре Мазон од областа на славистиката, како на пример, Морфологијата на аспектите на рускиот глагол (1908), Граматика на чешкиот јазик (1921), Граматика на рускиот јазик (1943) и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)