највисок (прид.) - човеков (прид.)

Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа има пресвртни последици, бидејќи на тој начин математичкото мислење, што досега го сметавме за една од највисоките човекови способности, се покажа како механизирана и со тоа за човекот недостојна работа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)