највисок (прид.) - дипломатски (прид.)

Меѓутоа, генерацијата југословенски амбасадори која заминуваше во 80-те години на минатиот век на највисоките дипломатски мисии и на која припаѓав со своите четириесетина години, заминуваше кога сите идеали врз кои почиваше федерацијата, со исчезнувањето на нејзиниот творец Јосип Броз Тито, тивко се губеа, остануваше само по некоја трошка од тие идеали, која најмногу се откриваше во неврзаните земји, кои веруваа повеќе во Југославија во тие времиња отколку самите нејзини жители во неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние, највисоките дипломатски претставници од стотина земји се упатуваме кон местото на големиот медитерански масакр матанѕа кој трае веќе илјада години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неспорна вистина е дека во светот отсекогаш книжевната дарба може да биде својствена и негувана и од носители на највисоки дипломатски функции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)