Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата Народна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како да се нарече додворување на пример подметнувањето на својот грб па дури и на сопствената глава со намера да се спаси животот на другарот, па нека станува збор и за највисок раководител?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)