највисок (прид.) - планина (имн.)

По пат ќе набасам и на највисоката планина на Онтарио, која со својот врв ги пара облаците.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За да се качиш на Златоврвот јет многу страшно, чунки ќе се качуаш од камен на камен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Луѓето што го правеа тоа, што се грижеа за неговото траење, беа, дел од едно големо искуство: на претходните чувари на огнот и огништата во таа далечина, во таа височина, во највисоките планини, во највисокото населено место овде, тука.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Богородица, ет напраен на една страна од највисоките планиње, околу Прилеп, од лева страна од кај што огрева сонцето (северо - исток).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги минав Хималаите, највисоките планини на светот, и под нив ја побарав Индија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му се чинеше дека неговиот Охрид е на рудината на некоја највисока планина та што таму небото изгледа пониско од длабочините на езерската шир, толку пониск одошто ова над Канада.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кашмир, родната земја на Игбал, не ми беше тешко да ја откријам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)