највисок (прид.) - дрво (имн.)

Во таа приказна, конечно, поверувавме и ние, иако само пеењето на птиците во гнездата на највисоките дрвја нè потсетува дека тој некогаш и бил тука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште цели три дена небото стоеше налегнато над врвоците на највисоките дрвја и разденувањата едвај се исцедуваа да развиделат малку и во Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислат дека ним и припаѓаат најсвежите, најздравите, најјадрите плодови, од најродните, највисоките дрвја. Очите и се полни сјај, а погледите неба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
I. Снегот врнеше целиот ден у бога и небото ниеднаш не порасте над врвовите на највисоките дрвја, но тие тројца постојано продолжуваа да чекорат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ќе влезеш в шума... А таму, на највисокото дрво, стои сојка и те гледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)