музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Имавме едно семејство во најблиско соседство, се сеќавам, кога си заминаа ни дадоа една убава печка, огледало во резба, големо, кревет и една хармоника детска.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Никој веќе не дава ни пет пари за старите производители на тишина од најблиското соседство на семејството Штраус.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Никој не сака да признае дека драмите, па и валцерите денес имаат намалено значење и вредност - како издишана гумена топка среде сласта и страста на детската игра.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Никој веќе не дава ни пет пари за старите производители на тишина од најблиското соседство на семејството Штраус.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)