најблизок (прид.) - кафеана (имн.)

Откако се закрепна со јако кафе, во најблиската кафеана, продолжи кон Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Освен тоа, очигледно имаше потреба да пие сам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На моите сопатници, посебно на младиот актер, умот им беше свртен кон најблиската кафеана и рамнодушно го погледнаа З.З.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па заминувате до најблиската кафеана и наздравувате со непознати намерници во името на нејасните визии за она што сте можеле да бидете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Стрико ми Ото – претпоставувам дека беше совршено среќен додека иташе по скалите – потоа ќе влезеше во најблиската кафеана за да размисли за своите планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заради издишка и краток одмор влеговме во најблиската кафеана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)