Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во ушите сè уште ми одѕвонуваше пукотницата, кога се чу и втора.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Што е ова? – писна гласно да плаче. Ѝ ја затворив устата со дланка, ја повлеков цврсто кон себе и се стуткавме крај најблиското дрво.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)