Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града. Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)