наш (прид.) - ќе (чест.)

Од што царката наш ќе ранит аскерот, ако не од тебе, од мене?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„И ние направиме печат, судот нашиот ќе го признае. Две Месни“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа ми го претскажа од дланка пред една година стара вражалка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Наша е и наша ќе остане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не, мајко, двете ќе го гледаме женското, Па нели на Ѕвезда наша ќе ѝ е прво моминско?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Македонцкото нема да го дајме! Шо си е наше, наше ќе си остане. И само така... и повеќе збор да нема!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Букурешт чува тајна голема, од гради ќе ви ја одкраднеме, сѐ што е наше, и наше ќе биде... скромно ви порачуваме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)