наш (прид.) - и (сврз.)

Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Првото нешто што се бара од нас е: да ги знаеме нуждите наши и на нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со полното прекратување на востанието ќе се востановат меѓу нас и Турците односи што им одговараат и на нашите и на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се случува затоа што забораваме на Бога и се сведуваме на сурии, секоја за себе, заробени од колективното его кое во сите други сурии гледа непријател и сѐ повеќе и повеќе турската шега „нашето наше и вашето наше“ му станува животно кредо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А собата наша и натаму им потклекнуваше на маглата, дождот, ’ркотницата...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ајде не плачи! (Ја крева). Стани и оди право кај поп Гаврила.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од срам не ќе можам пред светот да излезам. Срамотно е за нашата и за Јордановата куќа...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И му рече дека стравува дека токму таа одмазда, во вид на слабоумност виси како сечило над нашиот род, над царството наше и нашето општество, па затоа и логотетот сакаше да знае: што се крие зад тајниот запис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Брзам во овој свој последен ден да дораскажам и не можам: ноќе го сонувам настанот, имам деведесет и пет години, и веќе не знам што сум сонил а што сум доживеал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак ја паметам молитвата на жалниот Симон Наконтик кога умираше на патот од Лесново кон Кукулино: Послушај господи раба своего преподобнаго Симона сина Пандила и Јосифа и Стамата и Дојчина и избави ме од лукавого Али-бега за спасение наше и печал антихриста, зашто Пандил го родил Јосифа, Јосиф Стамата, Стамат Дојчина, Дојчин Симона, кутриот да ги остави коските далеку од гробот на своите дедовци. * ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може тоа е наградата за сите наши и мои страдања, постојано да го имаме вниманието на другите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Паметиш, му велам, кога поминавме еднаш покрај местото на стрелањето, како се одделија неколку наши и набраа полско цвеќе и го растурија таму?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие подготовки треба да останат засекогаш тајна по цена на нашите и Вашиот живот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Трагичното се состои во прилогот што го пружаме лично и свесно кон несреќата, наша и на другите особено љубените Господине, но смртта има своја предисторија и може да се посматра во развој: рано во детството се огласува во лажните утехи за починот на блиските во ветувањето дека се отсутни само привремено и дека ќе се вратат - тогаш зборот враќање ги почнува своите преобразби - во криењето, небаре од урок на ожолтениот портрет на покојникот оти и памтењето е враќање безгласно како самрак;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сите што нѐ пристасуваат гледаат по кучето наше и си плукаат во пазувите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегуваат и во гумното наше и прашуваат за Чако, за кучето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)