наш (прид.) - треперлив (прид.)

Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината Тие безочни дрски бесрамни животинки Што се умилкуваат додека Касаат и додека поганат наоколу Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците Врескаат: ние сме црешови цветови Од градината на твоите мртви сестри Клај нѐ на јазикот ако не веруваш Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш И лудо се смеат ѕвездите мои Што трчаат по мене во темнината И кинат кинат од моите меса Од мојот здив од мојата возбуда „Како ме пронаоѓаат?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Еднаш да го ставиме фитилот, па ќе се куртулам јас од тебе, ти од мене и сите ние од грижата за нашиот треперлив живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)