наш (прид.) - среќен (прид.)

Тоа беа ретките Таткови и наши среќни мигови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој остана видливо збунет од зборо­вите на партискиот секретар, кој прв му проговори: – Добредојдовте, браќа селани, градители на нашата среќна иднина на нашето бескласно општество.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да ги задоволиме желбите на нашата среќна иднина, понекогаш летнуваме и подалеку од сонцето. Но без крилја – одговори загадочно старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И ние тргнавме по стадото на Чанга со нашата среќна Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)