наш (прид.) - сопствен (прид.)

Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така и ние мораме предметите што нè опкружуваат како и нашето сопствено “Јас”, духот, душата, она нешто што го именуваме како идентитет, да ги сфатиме како точкасти компјутеризации. 140 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така и ние мораме предметите што нè опкружуваат како и нашето сопствено “Јас”, духот, душата, она нешто што го именуваме како идентитет, да ги сфатиме како точкасти компјутеризации.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нашите сопствени градови се наши сопствени фарми; семејствата, училиштата и црквите се кланици на нашите деца; колеџите и другите места се кујните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Страотните општествени реалности на нашето време се духови, сеништа на убиените богови и на нашата сопствена човечност, коишто се свртеле против нас за да нѐ опседнуваат и уништуваат. Црнци, Евреи, Црвени. Тие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неминовно е другиот да го гледаме како одраз на нашето сопствено саморасцепување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа важи почнувајќи од атомот на водородот па до биомасата и нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нестабилноста е дел од нашата сопствена околина и култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така мораме ние сега, обратно од нив, како предметите, така и нашето сопствено јас, поранешниот дух, душа што едноставно ја нарекуваме идентитет, да ги сметаме за точкасти компјутеризации.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но ние веќе знаеме ако таа е неименлива, дека тоа не е привремено така, затоа што нашиот јазик сѐ уште не го пронашол или попримил ова име, или затоа што би требало да го пронајдеме во друг јазик, вон конечниот систем на нашиот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што вели Дерида (5 стр. 26): ... différance нема никакво име во нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е тешко да се согледа проблемот што тоа го предизвикува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Опкружени со симулакрумот на вредноста и фантомот на капиталот и власта, ние сме многу повеќе разоружени и повеќе немоќни отколку кога сме опкружени со законот на вредноста и робата, бидејќи системот се покажа способен да ја интегрира сопствената смрт и бидејќи ни е одземена одговорноста за неа, што значи дека ни е украден пазарот на нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проблемот, изглегува, е што наместо на крајот да излеземе победоносни иматели на геј-гордост и слобода што ќе можеме сесрдно да ги викаме наши сопствени, ние сме си создале геј-идентитет што активно ги потиснува и патосот и задоволството на тие останати преостанати настрани афекти од кои сакаме да мислиме дека сме се ослободиле и за кои тврдиме дека просто ги снемало од нашата свест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обликуваме геј-себство (до оној степен до кој го обликуваме) така што гордо потврдуваме заеднички, колективен геј-идентитет, го изнесуваме отворено, видливо, несрамежливо и здружено, конструирајќи врз таа основа заедничка култура и општество – полно со можности за емоционално и еротско изразување – и на тој начин достигнуваме здрава геј-сексуалност, определена од нашата сопствена еротизација на другите геј-мажи како геј, која најпосле ја крунисува успешното остварување врска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребно е да поработиме малку повеќе на себе, на нашето сопствено запознавање, но во склоп на природата каде што припаѓаме – ја доврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Би можело да се рече дека самиот избрал така да умре, но сепак тој избор претставуваше исход од едно бавно губење на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Американскиот поет Џон Ешбери рече за Борхесовата уметност дека е “дело на еден метафизички Фаберже” и споредувајќи го со Кафка додаде: “Го читавме Кафка делумно поради некаква нужда; Борхес го читаме од уживање, додека нашата сопствена рамнодушност ужива во страшната но снажна претстава на еден разбаштинет космос”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изземајќи ја Марија Кодама - неговата стара студентка и пријателка, лик на ќерка и жена - Борхес умре во најпотполна самотија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Активирањето на таканаречената десна мозочна хемисфера ги елиминира последните табуа околу разбирањето на Хаосот и обезбедува практична основа за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 31 филозофијата на хуманизмот - поттикнувајќи нѐ да се здружиме со другите за да создадеме наши сопствени верзии на Хаос. ...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи Борхес човекот беше лишен од светот, светот беше немилосрден одново покажувајќи дека е дојдено до тоа дамнешно разидување во кое тој толку веруваше - помеѓу него самиот, како уметник, и светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1950-тата година, скромниот црно-бел телевизор го означи раѓањето на електронската култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така човекот, имајќи ги тие претстави, е заштитен во два правца: заштитен е од опасностите на природата и судбината, и од повредите кои му ги нанесува човечкото општество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Воопшто, треба да се чуваме од нашата сопствена сугестибилност: создавење “дом” се употребува за толку многу работи што тоа добро го користат производителите на мебел и други работи за домаќинството.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Згора на тоа, се преиспитува и нашиот сопствен однос кон уметноста денес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јас не се занесувам дека можеме да промениме нешто во текот на нашите сопствени животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога е тоа нужно нашиот сопствен живот нè подучува како да се искористи чинот на самоуништувањето за да се избегнат последиците на немоќта, на подреденоста на глупоста и на другите понижувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние создаваме наш сопствен јазик, а тоа е нешто што го прави секој уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не можете да предизвикувате промени ако не сте екстремни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тврди дека не нѐ убива висината од која скокаме, туку нашата сопствена тежина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Свеста за самиот себе, според Кант, не е и сознание на самиот себе, бидејќи и нашиот сопствен субјект го спознаваме само како појава (14).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)