наш (прид.) - проклет (прид.)

Во ова наше проклето време, Нумо, еден петел или кокошка повеќе вреди од човекот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Белки нема да одречете дека тоа беше судбинскиот миг, во кој и злото, и тагата, и стравот, и неизвесноста, сè стоеше пред нас, исправено, грдо; и ете, тоа беше тој голем момент што ни овозможи да го здогледаме вистинското лице на нашата проклета судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А можеби и си е така, секаде на друго место, само не во она наше проклето село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој идеше со онаа крената глава, а јас уште пред да зборнам ја чувствував сета несигурност на својот глас, како веќе да си го слушам: јас се плашев од онаа наша проклета интонација што се танчи опасно при крајот, па ќе излезе некако смешно, плачно, питачки, кога ќе му речам: „господине!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако ме познава добро, ако ме запознал во овој наш проклет заеднички живот, сигурно не би ме вратил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)