наш (прид.) - последен (прид.)

Нашите последни барања колку се правилни или не, не земам да ги решавам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во исто време, Ботеро е нашиот последен класик или, можеби, првиот класик на новиот свет затоа што тој среќно го создаде јазикот во кој техничката и уметничка основа се проникнуваат, создавајќи го чувството на бесконечна леснотија на формата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Си мислев дека никогаш повеќе нема да те видам по нашата последна средба во 1938 година, кога по шпанските боишта се враќаше на балканските.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имам силно чувство дека ова нема да биде наша последна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа наша ѕвезда водилка на семејната судбина во небеската геометрија на егзилот, остануваше како наша последна татковина – надеж.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го помниш ли нашиот последен deal кај Штакорот?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А тоа беше нашата последна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Утре ќе биде нашата последна партија – го изговара тоа како да се работи за пресвлекување на носена кошула.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се откажав кога го дадов свештеничкиот завет”.  „Ви кажа ли градоначалникот за нашата последна средба?” - ја смени темата есесовецот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Вчера. Чудно дека не Ве запознал со средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)