наш (прид.) - поранешен (прид.)

Но, добро се сеќавав какво купиште од бетон и тули ги поништи сите траги од нашиот поранешен дом и од неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ако не бевме и двете токму тоа: (недоразбирања што се движат едното спроти другото), кажи, каде тогаш ќе се сретневме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)