наш (прид.) - планински (прид.)

И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој и да одеше во тие места, компири ќе донесеше и сите што ги имаа пробано ги фалеа, ама никому со години не му текна да запрета некој в земја и да види дали ќе се сторат и во нашето планинско место.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)