наш (прид.) - обичен (прид.)

Или сметаш, кога веќе со векови сме немале кралеви и цареви, зошто да се користиме во овој наш обичен живот со жена која ја посакува љубовта без да се грижи за чувствата на партнерите; без да размислува што ќе разурне со својата прегратка; кој ќе биде идниот страдалник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога една смрдлива смеса може да има вкус на извонреден шери, од каде знам каков вкус има префинетиот драј шери, или што и да е друго?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)