наш (прид.) - нов (прид.)

Чанга можеше да биде нашиот нов Сталин. Заштитник на нашите кози, на нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пламенот се вивна и ја осветли целата куќа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ќе дојде нашиот нов учител, учителот од Штип и уште неколку души, селани од нашето село.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„На првиот ден од месецот Тишри1, се паѓа Рош Хашана2, нашата Нова година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По вообичаените консултации и информации, ја подготвивме кандидатурата за нашиот нов судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Маќеа - уште еднаш колку грубо ми прозвучи, иако кажано со шепот, како нешто навредливо, и во тој момент такво нарекување воопшто не можев да го поврзам со таа нашата нова мајка, со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И така, користа што ќе ни ја даде нашиот општ литературен јазик ни служи за мерило при избирањето наречје за таа цел и таа е главниот фактор при создавањето на нашиот нов литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Раководниот глас на штотуку влезениот младич ме убеди дека сега имам работа со директорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е речиси единственото нешто ЖИВО среде бескрајните мртовечки приказни за лова-лова- лова, нашиот нов Бог кому му се молиме во секоја ебана секунда на оваа држава okno.mk 11 која комотно може да се вика и “Без наслов но со повод”, толку е глупава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Добар ден, - му реков, - како сте, како живеете? (Ја одржав внимателноста и светскоста во духот на Серјожа Зелцер.) - Добар сум, - ми одговори младиот господин, - вие сте нашиот нов службеник?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мислам дека би било многу подобро, и за мене, и за тебе, му зборуваше, кога би застанал некаде поблиску, така за да можеме уште до вечер да ја имаме нашата нова средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој од вчера е наш нов пациент, - им објаснуваше примариусот доктор на стажантите, кои одеа по него. Дијагнозата ја даде на латински и Томо не ја разбра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Еве, стасавме. Ова е нашиот нов стан во кој се вселивме пред извесно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овој контекст и развиената субјективност се вистинскиот темел на нашиот нов идентитет, кој јасно се обликуваше (исто така во форма на нови општествени, политички и културни инфраструктури) во последните десетлетија на ова столетие.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во моментот пристигна и Татко без ветениот клуч.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко кој владееше со тимонот и го имаше небаре вградениот компас на преселбите кој непрестајно осцилираше помеѓу Запад и Исток, кога пристигнавме крај реката и кога запревме крај нашата нова куќа со добро заклучена брава замина загрижен кон емигрантскиот центар во градот по клучот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле, кога нашата надеж дека Мајка го има вистинскиот клуч беше речиси при крајот, бравата на капијата прими еден од клучевите и од неа се ослободи спасоносниот звук на отворената капија на нашиот нов живот во градот крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И нашата нова невеста Доста ред е да се запознае со идните свои другачки и еснавки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека другите попови насекаде пливаа во изобилство нашиот нов поп Петко немаше ни грне во кое да свари грав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзиниот очајнички глас ги задржа и свирачите и играчите, та сите ги свртеа очите кон вратите. – Охо-хо! – се провикна кадијата гледајќи кон Анѓа. – Убаво грло имала, машала, нашата нова анама.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
XXXI Во големиот град требаше да си го запалиме новото огниште на егзилот, да ни биде пријател, заштитник во нашата нова куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се распаѓаше земјата на нашето ново државјанство, Југославија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А згора на тоа листот не ѝ го донесе којгоде туку лично другарот Ѓорѓи Смокот, оној поединец кој според своето умеење, иако по наредби што доаѓаа од повисоките фактори, воведуваше дузини и дузини промени и правила на однесување во нашиот нов живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Петре Питропот беше тој што ги најде мајсторите да ја изградат нашата нова црква и тој ги надгледуваше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Иконостасот беше тоа што најмногу ја разубавуваше нашата нова црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но тој од црните плочи од Гропнариста правеше и украси за нашата нова црква Свети Никола во фробиштата под селото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)